Охрид, 17. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид продолжуваат хуманитарните забави за помош на населението од поплавените подрачја во републикава, кои и понатаму имаат потреба од помош.
Младите музичари, членови на Ансамблот „Билјана“ во петок ќе настапуваат на голема хуманитарна забава, која ќе се случува во Gossip Lounge bar. Воедно бендот е организатор на овој настан. Средбата ќе биде под мотото: „Не се мисли многу. Дојди и помогни!“. Групата ќе ги забавува посетителите со староградска музика.
Граѓаните ќе можат да донираат преку влезниците, кои се по симболична цена од 50 денари, а исто така, ќе може да се донираат и доброволни прилози.
Во изминатиот период на иницијатива на голем број млади од Охрид, беа организирани повеќе хуманитарни забави. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива