Хаити, 17. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Најмалку 18 лица загинаа од струен удар за време на карневалот во Хаити.
Повредени се над 60 лица, пренесе Асошиејтед прес.
Очевидци јавија дека еден од луѓето кои биле на сцената, се обидел да премести кабел и настанал струен удар. Како резултат на тоа неколку луѓе на платформата загинале на лице место, а останатите се во паника.
Во февруари во Хаити се одржуваат неколку карневали. (Крај)
извор: АП фото: архива
Прочитано: 22