Спорт

Барса ќе добие 140 милиони евра од ТВ правата

Мадрид, 17. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Шпанскиот клуб Барселона следната сезона ќе заработи 140 милиони евра од продажбата на Тв правата од преносите на сите натпревари на телевизиската станица „Телефоника“.

Каталонскиот клуб потпиша едногодишен договор со шпанската телевизија и го подобри претходниот рекорд на Ливерпул, кој беше рекордер со заработени „само“ 13 милиони евра по сезона на име Тв права.

Од сезоната 2015/2016 ќе стапи на сила ново правило, кое ќе наложи заработката од Тв правата да се распределува рамномерно, откако клубовите од Примера се побунија поради преголемата разлика меѓу нив од една, и Реал Мадрид и Барселона од друга страна.

Шпанските клубови бараат лигата да го следи примерот на Премиер лигата, каде и „помалите“ клубови имаат голема заработка од продажбата на телевизиските права. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука