Донецк, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Самопрогласената Доњецка народна република му предложи на Киев да почне повлекувањето на тешките оружја од секторот.
Тоа се случи за време на видео-конференција на Контакт групата за решавање на ситуацијата во Украина, пренесоа агенциите.
Според политичкиот претставник на ДНР во Контакт групата, Денис Пушилин, освен подрачјето на Дебалцево, принципиелно нема никакви други проблеми.
Киев и сепаратистите треба да преземат втор чекор – да започнат симнување на тешки оружја од фронталната зона, како што предвидува мировниот договор. (Крај)
извор: РИА Новости фото: архива
Прочитано: 24