Ливерпул, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Управата на Ливерпул бара замена за Стивен Џерард кој ова лето заминува во ЛА Галакси, а прв на листата желби е Миралем Пјаниќ од Рома.
Според „Мирор“, „црвените“ веќе контактирале со раководството на Рома и добиле конкретен одговор дека фудбалерот може да го добијат за 50 милиони евра.
Доколку се реализира овој трансфер тоа би било најскапото засилување во историјата на Ливерпул, но проблем е што „црвените“ го проценуваат Пјаниќ на 30 милиони евра и толку се подготвени да понудат.(Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 27