Манчестер, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Анхел ди Марија се повреди на вчерашниот тренинг на „црвените ѓаволи“, а Луј ван Гал со нетрпение ќе ги очекува резултатите од најновите лекарски прегледи.
Ди Марија ја обновил повредата на карлицата и ова би можело да му создаде големи проблеми на Ван Гаал, поради која Аргентинецот пропушти неколку натпревари во новогодишниот период.
„Црвените ѓаволи“ во наредниот период ги очекува гостување против Свонси во Премиер лигата, а потоа и дерби-мечот од 1/4 финалето од ФА Купот на Англија против Арсенал. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 26