Скопје, 31. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – Сецканиот вакумиран свински врат на Екстра меин е причина за десет заболени од листерија од кои пет починаа.
Стигнаа резултатите од две француски референтни лаборатории, препорачани од СЗО, соопштија денеска од Министерството за здравство.
Со ова се потврдуваат првичните резултати кои беа добиени во нашите институции и лаборатории.
Резултатите ќе бидат доставени и до обвинителство за понатамошна постапка, со оглед на тоа што министерот за здравство, Никола Тодоров, претходно поднесе кривична пријава за непознат сторител, соопштија од Министерството. (Крај)
извор: МТВ фото: архива