Гелзенкирхен, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Реал Мадрид на денешното гостување против Шалке во ЛШ ќе биде засилена со Пепе, откако Португалецот ги надмина проблемите со повредата и се најде на списокот на патници за мечот во Гелзенкирхен.
Пепе се повреди за време на мечот со Атлетико Мадрид во Купот на Шпанија, а лекарските прегледи покажаа дека станува збор за кинење на мускулно влакно.
Вториот вечерашен дуел во најквалитетното натпреварување на стариот континент ќе го одиграат швајцарскиот Базел и Порто. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 24