Охрид, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишниот А.М. и 31-годишниот Ј.Б. двајцата од Охрид, поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
На 12-ти август минатата година, на плажата „Оревче“ во Охрид полициски службеници извршиле преглед на Ј.Б., кај кого се пронајдени и одземени три рачно изработени цигари со 1,14 грама мешавина од тутун и марихуана, кои претходно ги набавил од А.М. за сума од 1.000 денари.
По ова, извршен е претрес во домот на А.М. каде се пронајдени и одземени две зипер кеси со 2,26 грама марихуана. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 36