Приштина, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Признавањето на независноста на Косово е еднонасочна улица и поради барањата на Европската унија, Србија ќе го преземе овој чекор.
Ова го изјави поранешниот премиер и актуелен министер за надворешни работи на земјата, Хашим Тачи.
Тачи е убеден дека неговата земја ќе има армија “при секој случај” во 2015 година. Минатата година владата, под негово раководство, се повлече од функцијата, бидејќи не успеа да го одобри предлог-законот кој да етаблира создавање на сопствени вооружени сили. (Крај)
извор: Balkaninsight фото: архива
Прочитано: 27