Охрид, 18.февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од први март ќе започне со работа Детското драмско студио кое ќе функционира во рамките на Народниот театар од Охрид.
Заинтресираните за изучување на глумата на возраст од 7 до 17 години можат да се пријавуваат и запишуваат во Центарот за култура „Григор Прличев“ или на телефонот 046/261-063.
За потребите на Детското студио, во текот на изминатиот период се адаптираа соодветни простории во Центарот за култура, а со членовите на студиото, според најавите од Охридскиот театар, ќе работат професионални театарски работници. (Крај)
извор:ОхридПрес фото:архива
Прочитано: 32