Охрид, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Ротаракт Клубот од Охрид и Македонската Мисија за Хуманост, денес доделија пакети со храна и со потребни средства за хигиена, во Домот за доенчиња и мали деца во Битола.
– Во рамките на посетата, беше остварена средба и со директорката на институцијата, Наташа Младеновска – Лазаревска, која ја истакна големата благодарност за донацијата, во име на сите деца кои се под заштита на оваа установа. Беа договорени и иницијативи за понатамошни активности од ваков вид, кои ќе помогнат во подобрувањето на условите и на квалитетот на живот на децата кои престојуваат таму, информираат од Ротаракт Клубот од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 19