февруари 18, 2015

Охрид, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Група мајки од Охрид, чии деца се студенти на скопските факултети и деновиве престојуваат во универзитетските простории прогласувајќи автономија, попладнево организираа донаторска акција.

Акцијата се одвиваше пред Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ каде тие и граѓаните ја оставаа нивната помош. Се собираше храна, пијалоци, кафе, средства за хигиена, вода и слично.

akcijastudenti2

– Се собравме спонтано. На оваа иницијатива не сакаме да и дадеме политички и партиски призвук, туку едноставно, да ги поддржиме нашите деца кои се студенти и деновиве престојуваат на нивните факултети. Тие се нашата сила, столбот на нашето општество. Помошта што ја донираме не е само за нив, туку и за сите нивни колеги, другари и врсници кои деновиве се сплотени во едно и сакаат да се слушне нивниот глас, истакнуваат организаторите на акцијата.

akcijastudenti3

Собраната помош вечерва од Охрид тргна за Скопје. Мајките кои беа организатори на денешната акција, најавија дека доколку има потреба, вакви донации ќе продолжат да собираат и во текот на наредниот период. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука