октомври 31, 2014

Лондон, 27. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Познатата песна „Bohemian Rhapsody“ на британската рок група „Queen“ делува како лек против депресија, покажува истражувањето на BBC.

Во рамките на анкетата на учесниците им биле пуштени 10 композиции, за кои е претходно утврдено дека го „креваат“ расположението. На прво место луѓето ја посочуваат токму „Боемската рапсодија“. Втората на листата е „Dancing Queen“ на шведскиот квартет ABBA, а на третото место е хитот на Фарел Вилијамс „Happy“.

Покрај овие три, на слушателите им биле пуштени и песни од Боб Марли, Роби Вилијамс и Мајкл Џексон, како и композиции од класичната музика.

Повеќе од две третини од испитаниците сакаат да слушаат музика кога не се чувствуваат добро. Вкупно 81% сметаат дека музиката може да ги натера луѓето да се чувствуваат подобро кога се болни или кога минуваат низ тежок период во животот.

Песната „Bohemian Rhapsody“ оригинално е објавена на албумот „A Night At The Opera“, кој е издаден пред околу 40 години. Со должина од речиси 6 минути, оваа песна ги предводи британските музички листи во два наврати – кога беше издадена во далечната 1975 година и по смртта на пејачот на „Queen“ во 1991 година.

Притиснете на PLAY и уживајте со „Queen“ и антидепресивната „Bohemian Rhapsody“. (Крај)

извор: Stars фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука