Охрид, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, 21-ви февруари, во Objectiff Bar Ohrid ќе има заеднички настап на охридскиот музичар Никола Тони и струшкиот DJ Jeddy.
Никола Тони ќе се претстави со перкусионистички сет, непосредно за време на дј-скиот сет на DJ Jeddy. Комбинацијата на електронска музика и сет на перкусии, овие двајца музичари ја презентираат на оригинален начин.
DJ Jeddy има свое радиско музичко шоу „Addictive Vibes“, кое се емитува секој петок од 20:00 до 21:00 часот на Супер радио.
Никола Тони е актуелен со соработките со шпански електронски музичари. Меѓу последните активности е издавањето на повеќе ремикси.
Настапот на Никола Тони и DJ Jeddy во сабота ќе биде со почеток во 22:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 34