Атина, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Грчкиот парламент го избра 64-годишниот Прокопис Павлопулос за претседател на земјата.
Кандидатурата на искусниот десничарски политичар од таборот на најголемата опозициска партија “Нова демократија” беше предложена од премиерот Алексис Ципрас на седница на парламентарната група на неговата партија СИРИЗА.
Павлопулос доби поддршката на СИРИЗА, партијата “Независни Грци” и од самата “Нова демократија”. Овие три партии имаат 238 пратеници во 300-члениот парламент. (Крај)
извор: bgnes фото: архива
Прочитано: 24