Букурешт, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Според пишувањето на романските медиуми ,обвинителство во оваа земја ги истражува обвинувањата дека мечот од квалификациите во ЛШ помеѓу Динамо Букурешт и Лацио, одигран во 2007 година, бил наместен.
Првиот натпревар од третото коло одигран во Рим завршил 1-1, а во реваншот во Букурешт, Лацио иако губел со 1-0 на крајот победил со 3-2.
Подоцна Лацио во сезоната 2007/2008 натпреварите во ЛШ ги завршил во групната фаза.(Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 21