февруари 19, 2015

Охрид, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Полицијата трага по директорот на ЈЗУ „Здравствен дом“ – Охрид.

Пријавата му е поднесена од финансиската полиција, а Јавното обвинителство утврдило дека има елементи за отворање истрага против вработените во домот.

Според пријавата, осомничените во периодот од 2010 до 2014 година подигале пари во готово кои биле уплатени на име на партиципација од страна на пациентите. Со тоа, го оштетиле Буџетот на здравствениот дом за малку повеќе од 100 илјади евра.

Двајца од осомничените добиле мерка притвор, додека по директорот се трага. Извесно е дека ќе следува судски процес. (Крај)

извор: Фокус фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука