Охрид, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Рок и поп кавер верзии во стилот на охридскиот бенд Betty’s Boobs ќе бидат сервирани за посетителите на Objectif Bar Охрид утревечер.
Изборот на најдобрата музика од светските и македонските рок и поп хитови ќе биде на репертоарот на бендот.
Betty’s Boobs продолжуваат со свирките и настапите во Охрид и низ македонските градови. На утрешната свирка ќе бидат отсвирени теми на македонските музичари и бендови, Зијан, Игор Џамбазов, Лева Патика, потоа од светските музичари и групи, како Faith no More, David Bowie, Barry White, Deep Purple и други.
Бендот го сочинуваат: Димитри Алчев – вокал, Никола Јосифоски – клавијатури, Крсте Симиџиоски – бас, Мишко Силјаноски – тапани.
Свирката утревечер е по 22 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива