Охрид, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ Охрид, учествуваат на меѓународен литературен натпревар во Ниш, Србија.
Во конкуренција од над 1 500 творби се избрани во најдобрите 120, од кои ќе бидат избрани победниците. Со тоа охридските ученици ја поминаа првата фаза од елиминација, а за да продолжат понатаму потребни им се гласови. Гласањето се спроведува преку социјалната мрежа Фејсбук.
Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ Охрид се натпреваруваат во категоријата најдобра љубовна песна.
Може да се гласа за победа на поетите од ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид со притискање „ми се допаѓа“ на фотографијата каде што е напишана песната.
– Ова се најдобрите детски љубовни песнички. Читајте, уживајте и гласајте. И оваа година, покрај наградата која ја доделува стручното жири, ќе биде наградена и песната со најмногу гласови преку Фејсбук, повикуваат организаторите на конкурсот од КИЦ Младост Футог од Нови Сад Србија.
Гласањето трае до 23-ти овој месец. Претставувањето на добитниците на наградите ќе биде на 28-ми февруари во Нови Сад. Станува збор за меѓународен конкурс, каде учествуваат претежно деца од земјите на поранешна Југославија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива