февруари 20, 2015

Скопје, 20. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Пет часа во Ректоратот на Универзитетот Кирил и Методиј вчера се разговарало за законот за високо образование.

Договорено е во рок од 30 дена работните групи од МОН, УКИМ и пленумците да изготват анализа на состојбите што ќе биде основа за понатамошно дефинирање на концептот за новиот закон за високо образование.

Работна група составена од претстваници на Универзитетот, студенткиот и професоркиот пленум, како и претстваници на МОН во рок од 30 дена ќе изготви анализа на состојбите врз основа на која ќе се дефинира концептот за изработка на законски текст за високо образование, пишува во неговиот заклучок.

Студенсткиот пленум од своја страна на дискусијата инсистирал на за нив нив најважното барање- комплетно нов закон. Тие веќе неколку пати посочија дека одложувањето на спорните измени, межу кои државниот испит се недоволни, и пред се несуштински. (Крај)

извор: Телма фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука