Лос Анџелес, 20. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) –
По неколкудневната пауза поради „All Star“ викендот, синоќа продолжија возбудувањата во НБА лигата. Победи забележаа екипите на Оклахома Сити и Лос Анџелес Клиперс.
Оклахома предводена од Расел Вестбрук го победи Далас Маверикс со 104-89 и стигна до 29-та победа оваа сезона. Вестбрук постигна 35 поени, Серж Ибака запиша 21 поен и 22 скока, додека кај Далас најефикасен беше Дирк Новицки со 14 поени.
Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс во „Стејплс центарот“ го победија актуелниот шампион Сан Антонио со 119-115. Деандре Џордан ги предводеше Клиперси до 36-та победа оваа сезона додека Крис Пол реализира 22 поени. Кај Спарси Тим Данкан беше најдобар со 30 поени и 11 скокови. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: НБА