февруари 20, 2015

Софија, 20. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Слаткаристика и неговиот тим од Иноватива Груп денес патуваат за Софија, спремни за одржување на концертот кој беше најавен пред 2 месеци.

Со почеток во 23:00 часот, во концертниот клуб Микс Тејп 5, Слаткаристика ќе има свое двочасовно шоу, а како специјален гостин ќе настапи култното име на Бугарскиот Хип Хоп-Ицо Хазарта од “Апсурт“. Нашиот Хип Хоп артист ќе настапи заедно со DJ Оки Доки, Аце НЛ, и Нико на тапани, а атмосферата ќе ја загрева уште едно познато лице од Бугарската Рап сцена- Керанов.

Слаткаристика е многу добро прифатен од Бугарската публика и е многу ценет на нивната Хип Хоп сцена, па се надеваме дека и овој концерт ќе помине успешно. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука