Охрид, 20. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Младите членови на охридскиот бенд Limitless се подготвени за уште едно рок дружење со публиката.
Петорката составена од млади, надежни музички таленти, утревечер ќе има рок свирка во кафе барот Shilla. Бендот ќе се претстави со богат репертоар на македонски, странски и екс ју хитови. Акцентот на стилот претежно го ставаат на рок музиката.
Рок свирката со Limitless утревечер е по 22:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28