Скопје, 21. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Насобрани граѓани пред Владата синоќа изјавиле дека се шокирани од последните аудио снимки што ги објави СДСМ за наводното монтирано апсење на Љубе Бошкоски и бараат одговорност од власта.
„Убијци“, „садисти“, „психопати“ пишува на листовите хартија закачени на оградата пред Владата, поставени од граѓани кои спонтано се собирале да изразат револт, пишува Фокус.
Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција во која се вели дека Заев свесно „продолжува да одработува за странските центри на директна штета на интересите на Република Македонија“.
На вчерашната трета по ред објавена „бомба“, СДСМ обелодени аудио снимки од разговори за планот и за апсењето на поранешниот лидер на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски. Според СДСМ, разговорите се водат меѓу директорот на УБК Сашо Мијалков, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протоѓер, уредникот на телевизија „Сител“ Драган Павловиќ – Латас и поранешниот сопственик на Канал 5 телевизија, Емил Стојменов. (Крај)
извор: Фокус фото: архива