Лондон, 31. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – Извршниот директор на ФИНА Корнел Маркулеску изјави дека одликувањето кои му беше доделено на претседателот на Русија Владимир Путин „нема никаква врска со политика“.
ФИНА на почетокот на овој месец му додели одликување на Путин поради „придонесот во развојот на пливачкиот спорт“. Оваа одлука наиде на бројни критики поради големиот број на случаи со допинг во Русија.
– Нашиот правилник е јасен – нема дискриминација од политички причини. Нашата награда беше мотивирана само поради придонесот за спортот, изјави Маркулеску.
Следен домаќин на Светскиот шампионат во пливачки спортови ќе биде рускиот град Казањ. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива