Рио де Жанеиро, 31. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – Бразилскиот фудбалер Нејмар да Силва ќе го предводи националниот тим на Олимписките игри во Рио, потврди координаторот на младинската селекција Александре Тадеу.
– Не можам да го замислам тимот без играч од негов калибар, изјави Тадеу.
Бразил, кој рекордни пет пати беше шампион на светот, никогаш во историјата го нема освоено златото на Олимписките игри. Три пати беше поразен во финалните средби и тоа во 1984, 1988 и 2012-та година.
Нејмар од минатото лето е во редовите на Барселона. Играше за Бразил на претходните Игри во лондон, кога во финалето Бразил загуби од Мексико со 2:1.
Олимписките игри во Рио ќе се одржат од 5. до 21. август 2016. година. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива