Виена, 21. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – На вчерашниот состанок на Извршниот комитет на СЕХА лигата беа објавени имињата на кандидатите за организатори на завршниот турнир во регионалното натпреварување.Вардар, Војводина, Веспрем и градот Пореч поднесоа кандидатури за организација на завршниот турнир во СЕХА лигата.
Унгарскиот град Веспрем е најголемиот фаворит за организација на Фајнал фор турнирот, но сепак треба да се исполнат неколку критериуми како што сместувачките капацитети, организациската способност и условите во арената.На седницата се разгледувала и можноста за проширување на лигата со нови тимови посебно ако се знае дека дел од учесниците имаат финансиски проблеми и тешкотии со формирањето на конкурентен состав.
Македонија и Хрватска имаат гарантирани две места, а обврзувачко е и учеството на Мешков Брест. Неофицијално се говори за приклучување на Бешикташ и Целје, а се шпекулира и со двата најдобри полски состави Киелце и Висла Плок.(Крај)
извор: Алфа Тв фото: архива