Гостивар/Охрид, 21. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – По синоќешниот настап во Охрид, охридскиот рок состав Betty’s Boobs продолжуваат со свирките низ македонските градови.
Вечерва членовите на бендот ќе гостуваат со свирка во живо во Гостивар. Ова е нивна прва свирка и прво музичко гостување во KARMA Lounge & Bar во Гостивар.
Betty’s Boobs ќе се претстават со избор на кавер верзии на светските и македонските рок и поп хитови.
Како што имаат изјавено членовите на бендот, живите свирки низ македонските градови особено се ценети и посетувани од публиката. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Betty’s Boobs
Прочитано: 35