Скопје, 21. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Со зборовите „премрзнати, но среќни“, студентите на Битолскиот универзитет продолжуваат со окупацијата на факултетите.
Ректорот на битолскиот универзитет изјави дека го исклучувал парното за студентите бидејќи штедел нафта, и ги повика да си донесат греалки од дома ако сакаат да се згреат.
Окупацијата на универзитетите продолжува ширум земјата по последните разговори на студентскиот пленум со ректорот на унивезритетот Св. Кирил и Методиј и преставниците на Владата, бидејќи студентите велат не ја гледаат јасно намерата на власта да донесе нов Закон за високо образование и да го укине државниот испит. (Крај)
извор: 24 Вести фото: архива
Прочитано: 25