Охрид

Шеста година по ред циклус на Детски час за приказни на Црвен Крст

Охридд, 23. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Новиот тримесечен циклус од едукативната програма Детски час за приказни (Children Story Hour) која веќе шеста година Црвен крст Охрид ја спроведува во соработка со Американскиот Мировен Корпус, започнува на 26 февруари.

Покрај креативните, забавно-едукативни содржини наменети за децата од 4-8 годишна возраст, овој циклус ќе изобилува и со корисни содржини за родителите, кои, во времето додека нивното дете е на Детскиот час за приказни, тие ќе имаат можност, да учествуваат на советодавните работилници, за корисни теми поврзани со психофизичкиот развој, здравствените навики, социјализацијата на своите деца…за што ќе се погрижат стручни лица-психолози, педијатри, стоматолози, дефектолози…

Утре од Црвен крст Охрид ќе ја прецизираат програмата за овој проект. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави