Делреј Бич, 23. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Хрватскиот тенисер Иво Карловиќ е најстариот освојувач на АТП трофеј по Џими Конорс во 1989 година, откако синоќа ја освои титулата на турнирот во Делреј Бич, Флорида.
Карловиќ, кој на 28-ми февруари ќе наполни 36 години, во финалето со 6-3, 6-3 го победи Американецот Доналд Јанг.
Хрватот е најстар шампион, откако Конорс пред 26 години победи во Тел Авив на 37 годушна возраст. За Карловиќ ова е шеста освоена титула во тениската кариера. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 24