Сиднеј, 23. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Премиерот Тони Абот најави дека земјата ги затегнува имиграциските закони и ќе ги гони групите и луѓето кои шират омраза.
Новите мерки во националната безбедност вклучуваат лишување од државјанство на луѓе поврзани со терористички организации и кои имаат двојно државјанство. Предвидено е и ограничување на некои лични слободи и запирање на социјалната помош на луѓе, кои претставуваат потенцијална закана за безбедноста. Ќе се ограничат и патувањата во странство, пренесоа агенциите.
Промените се резултат на заложническата драма во кафуле во Сиднеј, која се случли во декември, а заврши со тројца загинати.
Премиерот рече дека некои граѓански слободи ќе треба да бидат ограничени. (Крај)
извор: Ројтерс фото: архива