февруари 23, 2015

Охрид, 23. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од вкупно две илјади лица вработени во јавните здравствени установи во државава, 80-тина ќе бидат вработени во Општата болница Охрид.

Новите вработувања на неопределено време ќе се склучат согласно Законот за трансформација во редовен работен однос во јавното здравство на неопределено време. Во нив спаѓаат медицински и помошен односно административен персонал кој досега волонтирал во оваа јавна здравствена установа.

Првата група 28 луѓе ќе бидат вработени веднаш, а останатите ќе бидат вработени на неопределено време од први декември годинава и од 1-ви септември 2016 година.

Приоритет во вработувањето, како што велат во охридската болница, ќе им се даде на оние волонтери кои подолг временски период се ангажирани во оваа установа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука