Дортмунд, 23. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Француските медиуми јавуваат дека германскиот првак Баерн Минхен нема намера да го продаде својот напаѓач Роберт Левандовски.
Според француски „Л’Екип“ ПСЖ испратила понуда вредна 30 милиони евра за Левандовски, но повратниот одговор бил дека Полјакот не е на продажба.
Левандовски на стартот од сезоната пристигна на „Алијанц арената“ како слободен агент и досега постигна 13 гола на вкупно 30 меча за Баерн Минхен. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 29