Охрид, 23. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Елаборатот за проценка на штета од снежни наноси што го зафатија охридскиот регион на 29-ти декември минатата година ќе се најде на дневен ред на наредната седница на Советот на општина Охрид закажана за в петок, 27-ми февруари.
Советниците ќе треба да се произнесат и по предлог-одлуката за усвојување на записниците за проценка на настанати те штети од пожар и невреме на подрачјето на општина Охрид.
На дневен ред меѓу другото ќе се најде предлог-одлуката за избор на приватен партнер за изградба на административно-деловно трговска зграда која вклучува изградба на затворен зелен пазар, како и предлог-одлуката за давање согласност на одлуката за изменување и дополнување на Статутот на МЈП „Проаква“ Струга.
Охридските советници ќе се расправаат и за ценовниците на неколку јавни претпријатија, како и за предлог-одлука за усвојување на измените и дополнувањата на Развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид во 2015 – 2017 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива