Охрид, 23. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Ученичката Викторија Алексиоска од Основното училиште „Кочо Рацин“ од Охрид, ја освои првата награда на литературниот конкурс што го распиша библиотеката „Благој Јанков – Мучето“ од Струмица, по повод Струмичкиот карневал.
Алексиоска учествуваше на конкурсот под менторство на наставничката Наташа Неданоска. Истиот беше анонимен, односно се учествуваше под шифри, а наградите беа поделени во три категории, за ученици од основно и средно образование и за возрасни.
На доделувањето на наградите што се одржа на 19-ти февруари, наградените учесници носеа и маски, во духот на карневалската еуфорија што изминатите денови владееше во Струмица. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 26