Абуџа, 23. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Седумгодишно девојче- бомбаш самоубиец предизвика експлозија во која загинаа седум лица, а повредени се 19 во североисточниот дел на Нигерија.
Нападот беше извршен вчера на пазар во градот Потискум, која се смета за трговски град на Јоба државата.
Според првичните извештаи, бројот на жртвите бил пет лица.
Нигериски претседател призна дека неговата влада во почетокот ја потценила исламистичката група Боко Харам, која е обвинета за овој, како и за претходните напади. (Крај)
извор: АП фото: архива
Прочитано: 20