Охрид/Софија, 23. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Неодамна охридските уметници Зоран Мише и Павел Целкоски, беа дел од изложбата „Конекција 2” во Софија, Бугарија, а во месец март ќе се претстават со нов уметнички проект.
Од 5-ти до 25-ти март годинава во студиото „Print Nest“ во Софија Бугарија, ќе биде претставен вториот дел од Проектот изложба „Црвената точка“. И минатата година, охридските уметници Целкоски и Мише, беа дел од оваа изложба. Концептот се однесува на дела црно-бели идеи на црвени точки.
Двајцата автори повторно ќе творат во познатата уметничка галерија во Бугарија, но овој пат, ќе им се придружат уште двајца истомисленици.
На изложабата ќе бидат поставени дела графика на Зоран Мише, Павел Целкоски, Горан Тричковски и Васил Ангелов.
Зоран Мише и Павел Целкоски се магистри по отсек графика. Моментално живеат работат во Бугарија. Членови се на Центарот за културен проток АРТерија од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива