Скопје, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Утре во Скопје ќе се вози 34-тата Критична маса по ред.
Оваа Критична маса е посветена на онаа група луѓе кои уште не ги сфаќаат велосипедистите како луѓе кои се дел од сообраќајот. Исто така оваа критична маса се одржува и под мотото „ОдТебеЗависи“ како поддршка за климатскиот предизвик кој ги повикува граѓаните да предложат иновативни идеи за подобрување на урбаната отпорност во однос на климатските промени.
– Превезувањето со точак е лесна физичка активност која многу годи по здравјето. Тоа е аргумент велосипедскиот сообраќај да се вброи во категоријата здрав транспорт, но не е аргумент да се избрише од транспорт и да се вброи како спорт. На точак не загадуваме, не правиме бука и метеж, на точак градиме почист град, поведар, подобар, велат организаторите.
Критична маса ќе се вози со почеток од 17:30 часот од Плоштад Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива