Охрид/Кавадарци, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охридската рок четворка Betty’s Boobs продолжуваат со настапите надвор од Охрид.
По гостувањето минатата недела во Гостивар, нивниот следен настап ќе биде во Кавадарци. Тие и досега неколку пати ја забавувале публиката во Pub Blue во Кавадарци. Свирката ќе биде во недела, 28-ми февруари, со почеток по 22 часот.
Бендот важи за еден од омилените на македонската публика, која сака да ужива во светските и македонските поп и рок хитови, направени во поинаков аранжман, препознатлив за Betty’s Boobs. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 34