Охрид, 27. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот поет Славе Ѓорѓо – Димоски ќе ја промовора својата книга „Блиска врска“ на Саемот за книга што деновиве се одржува во Белград, Република Србија.
Ова дело пред српската читателска публика ќе го претстави претседателот на Друштвото за писатели на Србија, Радомир Андриќ, а препевот од македонски на српски јазик го направи српскиот поет Душко Новаковиќ.
По „Мерач на зборовите“ и „Поле.Бојно поле“, ова е трета книга од охридскиот автор Славе Ѓорѓо Димоски што ќе ќе биде преведена на српски јазик. Инаку, неговите дела се преведувани на повеќе од 30 светски јазици, а за нив е добитник на бројни награди и признанија. (Крај/А.Р.)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 38