февруари 24, 2015

Охрид, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од гермaнската паралелка од петто одделение во Основното училиште „ Григор Прличев“ од Охрид беа дел од годинешниот традиционален карневал во Прилеп што се организира по повод празникот Прочка.

karneval_400

– Нивните креативни идеи беа реализирани благодарение на „Гете-Институтот“ и помошта и соработката на родителите. Учениците кои учествуваа на карневалот во Прилеп беа среќни што се дел од целата манифестација. Уживаа во секој момент и достојно го претставија нашето училиште, велат од ОУ „Григор Прличев“.

Охридските петтоодделенци зедоа учество заедно со нивните професорки по германски јазик, Моника Сасанска и Ивана Маховска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука