Струга, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, 28-ми февруари во кафе барот „Албум“ во Струга ќе гостува битолската дј-ка DJ Tanja.
Оваа артистка е позната на македонската клубска публика по нејзините дј-ски сетови, кои содржат пред се’ hip-hop музика, но и избор на други теми од електронската сцена. За оваа дј-ка публиката вели дека со изборот на траки, никого не го остава рамнодушен.
DJ Tanja досега имала голем број на настапи низ клубови по македонските градови, како Охрид, Гевгелија, Куманово, Прилеп, Тетово, Гостивар, Радовиш…
Во странство имала настапи во клубовите како „Moritz“ и „Bogarts – Lichtenstein“ во Швајцарија, „Bar Coo“ во Грција, каде била дел и од електронски музички фестивал, „Club Duplex“ во Приштина, Косово.
Нејзиниот дј-ски сет во клубот „Албум“ во Струга, во сабота започнува во 22:00 часот. Забавата ќе биде под наслов „Positive Vibration“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива