Скопје, 25. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – На средбата на претставниците од Студентскиот и Професорскиот пленум, заедно со министерот за образование Абдилаќим Адеми, неговиот заменик Спиро Ристовски, вицепремиерот Зоран Ставрески и ректорот на УКИМ Велимир Стојковски, студентите успееа да договорат изработување на нов Закон за високо образование.
Бојкотот на предавањата е прекинат, но продолжуваат со активности во рамките на Автономната зона. Од Студентскиот пленум информираат дека нивната битка за подобрување на условите на студентите продолжува.
Од Студентски пленум најавуваат и дека и покрај тековните случувања и (најавениот) прекинат бојкот на наставата, Автономна зона продолжува и понатаму. (Крај)
извор: емагазин/Радио МОФ фото: архива
Прочитано: 25