Охрид, 25. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Регионална конференција „Земјоделски задруги – придвижувачи на промена“ ќе се одржи денеска и утре во Охрид.
Конференцијата ќе ја отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.
Организатор на овој настан е Македонската асоцијација на земјоделски задруги, а се очекува присуство на претставници на задружните сојузи од Балканот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 29