Манчестер, 25. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Барселона славеше со 1-2 на гостувањето против Манчестер сити на „Етихад“ во првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, а со истиот резултат Јувентус на домашен терен ја победи Борусија Дортмунд.
Луис Суарез беше стрелец на двата гола за каталонскиот тим додека за „граѓаните“ гол постигна Агуеро. Барселона во финишот можеше да го зголеми резултатот но Лионел Меси во 94-та минута не успеа да реализира од белата точка.
Јувентус прв дојде до водство со голот на Тевез во 13-та минута, Ројс во 18-та израмни на 1-1, а Мората со гол во 43-та минута му донесе предност на тимот од Торино пред реваншот. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: Б92
Прочитано: 21