Охрид, 25. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Младите музичари, членови на бендот Street Spirit, во сабота, 28-ми овој месец ќе имаат свирка во ирскиот паб „Даблин“, на кејот на Охридското Езеро.
На unplugged свирката ќе бидат отсвирени странски рок и поп-рок хитови од репертоарот на бендот.
Бендот го сочинуваат: Елена Коровешовска – вокал, Хендрик Зингер – гитара и Боби Дамчевски – кајон, вокал.
Свирката е со почеток во 22:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24