Мадрид, 25. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Недостатокот на витамин Д, а не прекумерната тежина, е најверојатната причина за развој на дијабетес, покажаа резултатите од истражувањето спроведено од страна на шпански медицински тим.Според експертите, за превенција од дијабетес најважна е здравата исхрана и движењето на отворено. Резултатите од студијата би можеле да доведат до развивање на третман што ќе може да го забави развојот на болеста. Според научниците, постои врска помеѓу нивото на витамин Д и способноста на организмот да се справи со гликозата.– Нашите откритија покажаа дека витаминот Д се врзува многу повеќе со метаболизмот на гликозата, отколку со прекумерната тежина, вели д-р Мануел Масиас-Гонзалес од Универзитетот во Малага. Според него, дефицитот на витамини може да доведе до дијабетес, но и до други болести поврзани со метаболизмот.Витаминот Д помага за контрола на калциумот во телото и одржувањето на мускулите и коските здрави, го регулира имунолошкиот систем и може да помогне во спречување на болести како егзема и астма. Тој се произведува најмногу при директно изложување на сончева светлина, а мали количини има и во рибиното масло и јајцата. (Крај)извор: Health фото: архива
февруари 25, 2015
@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука