Охрид, 25. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва студентите ќе можат да се забавуваат на одбрани хитови на студентска забава во кафе барот „Shilla“ со изборот на музиката на DJ Regie Rules.
Ова е прва студентска забава за новиот семестар од академската година.
За време на забавата, која ќе започне во 23:00 часот ќе има промотивни цени на алкохолните пијалоци. DJ Regie Rules е еден од најперспективните млади Дџ-и од Охрид, кого можете да го слушате на Супер радио секој вторник во неговата емисија „Into the groove“ од 22:00 до 23:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 37